Достапни линкови

logo-print

НБМ и Владата со спротивставени ставови?


Зградата на Владата на РМ

Зградата на Владата на РМ

Владата смета дека НБМ треба да ги намали каматите, додека НБМ оцени дека нема простор за тоа. Претходно двете страни спореа и околу оценката за заздравувањето на домашната економија.

Ставовите на Народната Банка на Македонија и на Владата треба да бидат различни, но и покрај тоа тие треба меѓусебно да се консултираат и заедно да ја креираат економската политика велат дел од експертите. Според законот НБМ не смее да прима инструкции од власта, но тоа незначи и отсуство на координација помеѓу нив. Последното во низата на спротивни мислења е дека Владата сметаше дека Банката треба да ги намали каматните стапки, додека пак оттаму оценија дека сеуште нема простор за тоа. Претходно имаа и различни прогнози за економскиот раст и за тоа кога ќе земјава ќе заздрави од светската криза. Централната банка треба да функционира самостојно, дури и како опозиција на власта, затоа што тие имаат различни економски цели, вели економистот Мирољуб Шукаров.
Политика на државата штити политички или партиски интерес, додека политиката на Народната Банка е стручна институција која што има обврска да ги одржува цените на стабилно ниво


,,Политика на државата штити политички или партиски интерес, додека политиката на Народната Банка е стручна институција која што има обврска да ги одржува цените на стабилно ниво, не се занимава со дискрециони политики економски со кои што би сакала да кажеме политиката да се пофали во мандатен период."

Овие две институции добро соработуваат земјаќи го предвид фактот дека секој од нив има своја работа, а со тоа и различни гледишта на нештата, вели Златко Калеников од Сојузот на Стопански комори.

,,Ставовите не е дека се толку спротивни, секој ја гледа својата страна. Народната Банка со ваков буџет на Владата е приморана до некаде да има рестриктивна политика, односно да го брани курсот на денарот."

Сепак за да се развива домашната економија во добра насока тие треба меѓусебно да се конултираат. Но, тоа сеуште не е можно поради нивната различна перцепција за она што се случува на економски план, вели Шукаров.

,,Централната Банка и Министерството за финансии треба да бидат во непосредна врска, односно треба да се консултираат и да ја
Ставовите не е дека се толку спротивни, секој ја гледа својата страна
прават економската политика која што ја води едната или другата, да нема спротивставен ефект затоа што може монетарната и фискалната политика да се амортизираат. Значи да не ги даваат саканите ефекти."

Според Калеников пак НБМ треба да започне дијалог со стопанствениците, бидејќи без нив неможе да функционира нејзината работа.

,,На удар е дијалогот Народна Банка - Влада, но дијалогот Народна Банка - стопанственици, каде е? Ние немаме политика во нашиот дијалог и како ќе креириаме монетарна политика ако на крај фирмите пропаднат. Со што ќе ја креираме."

Пред неколку месеци и банкарите побараа од Народна банка и Владата да започнат да водат координирана политика
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG