Достапни линкови

Отпуштен руски полицаец кој се пожали на условите за работа


Од руското Министерство за внатрешни работи соопштиле дека го отпуштиле полицискиот службеник кој објави снимка на интернет со која обвинува дека постои корупција во руската полиција. Портпаролот на министерството изјавил дека службеникот е отпуштен поради несоодветно однесување и оцрнување на неговите колеги. Во видеото службеникот се пожалил и на лошите услови за работа и за тоа дека се водат кривични предмети против невини луѓе. Службеникот изјавил дека на тој начин сакал да го покаже животот на полицајците во Русија . Истражувачкиот комитет соопштил дека на службеникот можеби ќе му се суди и за клевета.

XS
SM
MD
LG