Достапни линкови

40 децениска збратименост меѓу Битола и Епинал


Битола

Битола

Во Европа, а посебно на Балканот има многу збратимени градови од различни држави, кои повеќе или помалку соработуваат меѓу себе. Но, збратименоста на Битола со францускиот град Епинал успешно трае 40 децении.

Во Европа, а посебно на Балканот има многу збратимени градови од различни држави, кои повеќе или помалку соработуваат меѓу себе. Но, соработката што со години се негува меѓу Битола и француски Епинал е интензивирана до таа мера што имињата на двете места се толку многу одомаќинети што многумина не ни помислуваат дека тоа се два различни града. Во Епинал, град на истокот на Франција кој е административно седиште на департманот на Вогезите, еден од најубавите градски квартови го носи името Битола. Така бил именуван пред 40-тина години кога градовите се побратимиле, па неговите жители Французи се нарекуваат битолчани, раскажува Франсис Гида, заменик градоначалник на Епинал задолжен за меѓународна соработка кој деновиве присуствуваше во македонска Битола.
Ние имаме повеќе од симбол зашто имаме цел еден кварт кој се вика Битола. Вие го имате хотелот Епинал, но кај нас цел еден кварт живее со името Битола


,,Ние имаме повеќе од симбол зашто имаме цел еден кварт кој се вика Битола. Вие го имате хотелот Епинал, но кај нас цел еден кварт живее со името Битола. Секојдневно граѓаните го споменуваат името Битола, во секојдневието наше е многу присутна Битола. Пред малку, на пример, еден пријател ми се јави и ме праша каде сум, јас му кажав дека сум во Битола и тој ми рече сега веднаш ќе дојдам."

вели Гида. Во Епинал покрај француското знаме, се вее и македонското. Приказната за двата града започнала пред нешто помалку од еден век, кога во Првата светска војна на Солускиот фронт загинал францускиот војник Андре Арган и денес почива меѓу 13 000 војници на француските гробишта во Битола. Пред четири децении неговиот син и имењак станал градоначалник на Епинал и го иницирал збратимувањето. Од тогаш па до сега соработката меѓу двата града се заснова на сентиментална основа. Редовно се разменуваат делегации, ученици, студенти,
Градот Епинал и градот Битола работи во цела една мрежа на збратимени градови
ансамбли.

,,Градот Епинал и градот Битола работи во цела една мрежа на збратимени градови. Најпрво ќе се фокусираме од таа наша мрежа да најдеме евроспки градови со кои ќе можеме трипартитно да учествуваме во проекти со кои можеме да аплицираме до Евроспките фондови, за таа цел потребно е да изработиме заеднички проекти."

вели Гида.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG