Достапни линкови

Европски извештај за сообраќајни незгоди


Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода

Веќе еден месец во сообраќајот се применува Европскиот извештај за сообраќајни незгоди. Европскиот извештај е формулар што се користи при незгода со мала материјлана штета. При сообраќајката се пополнува без да се вика полиција на увид.

Што е тоа Европски извештај за сообраќајни незгоди и како тој се користи? За ова знаат полицијата, осигурителните компании, но не и сите возачи. Европскиот извештај е формулар што се користи при незгода со мала материјлана штета. При сообраќајката се пополнува без да се вика полиција на увид.
Европскиот извештај служи за утврдување на фактичка состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината на сообраќајната незгода ниту дека со потписот се признава вина

„Европскиот извештај служи за утврдување на фактичка состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината на сообраќајната незгода ниту дека со потписот се признава вина“

вели портпаролот на СВР Велес, Димитрија Андонов. Иако законски формуларот се применува веќе еден месец, се уште при сообраќјана незгода се повикува полиција на увид. Возачите делумно се запознати.

„При регистарација на возилата би требало да го добиваме и да бидеме известени, но јас го побарав сам, бидејки во октомври го регистрирав автомобилот и не добив формулар сам го побарав и го добив, бесплатен е и корисен.“

„Не немам слушнато нешто конкретно, како информација имам проследено од медиумите, но конкретно што содржи овој формулар незнам.“

се дел од одговорите на анкетираните возачи. Обврската да ги информираат возачите е на осигурителните компании, кои и го издаваат формуларот, вели портпаролот на СВР Велес, Димитрија Андонов:
Не немам слушнато нешто конкретно, како информација имам проследено од медиумите, но конкретно што содржи овој формулар незнам


„Обврска е на осигурителната компанија да ги запознае нивните клиенти за содржината на Европскиот извештај и како да се постапува, уште повеќе што во самиот извештај постои упатство како треба да се постапува“.

Досега во Велес овој образец е пополнет во осум случаеви. Но оваа бројка сигурно е поголема. Учесниците во сообраќајната несреќа немаа обврска откако ќе ги разменат формуларите да ја известат полицијата. Доколку се случи сообраќајна несреќа со мала материјална штета и наместо размена на европскиот формулар се повика полиција, за изготвување на полицискиот записник учесниците во несреќата ќе мора да платат 250 евра. Овој сообраќаен формулар во Европската унија се практикува неколку децении.
XS
SM
MD
LG