Достапни линкови

Иранската полиција ќе им ги отсекува рацете на крадците


Иранскиот весник “Ебтекар“ објавил денеска дека властите во Иран се спремни да започнат да казнуваат по исламскиот закон, за да се спречи високото ниво на криминал. Шефот на иранското одделение за криминал Асгар Јафари изјавил дека ако полицијата не започне да им ги отсекува рацете на крадците, во земјата ќе се чуствува голема несигурност. Обединетите нации и активисти за човекови права го критикуваа Иран во минатото за такви казни.

XS
SM
MD
LG