Достапни линкови

Гаспром:Украина ги плати сметките за гас


Руската компанија за гас „Гаспром“ потврди денеска дека Украина ги платила сметките за гас за октомври. Претходно рускиот премиер Владимир Путин изјави дека ако Украина не ги плати заостанатите сметки , на Европа може да и се случи повторно криза со гас. На почетокот на оваа година заради спорот меѓу Русија и Украина, земјите од Европската Унија немаа 2 недели гас. Украина ја платила целосно сметката од 500 милиони долари.
XS
SM
MD
LG