Достапни линкови

logo-print

Преговорите за името во деликатна фаза


Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц

Во пресрет на новата рунда преговори за името македонските аналитичари оценуваат дека преговорите се во крајно деликатна фаза. Тие повикуваат на градење единство.

За сега нема информации за евентуална координација на државниот врв или пак за можна лидерска средба за усогласување на ставовите во пресрет на новата рунда преговори за името.Професор Васил Тупурковски вели дека тајмингот на средбата на
Притисокот ќе биде огромен, и ќе треба многу искрено во Македонија да се издебатира прашањето на конфликтот со Грција и евентуалниот компромис
македонскиот и на грчкиот преговарач со посредникот на ОН Метју Нимиц е деликатен, затоа што, можеби, од резултатите на тие разговори ќе зависи добивањето датум за преговори со ЕУ. Тој вели дека во однос на името треба да има единствен став, најмалку во владината коалиција, ако нема со опозицијата.

„Крајно е деликатна ситуацијата. Притисокот ќе биде огромен, и ќе треба многу искрено во Македонија да се издебатира прашањето на конфликтот со Грција и евентуалниот компромис.“

Професор Васил Тупурковски
Политикологот Хисен Рамадани вели дека смета оти спорот за името не може да се реши до крајот на годинава и покрај тоа што се добива впечаток дека преговорите се движат напред. Тој посочува дека владата има мнозинство и апсолутен легитимитет да одлучува во спорот за името. Сепак, би било добро, вели Рамадани, и пред и по средбите со Нимиц, владејачките партии редовно да се консултираат со опозицијата и со претставници на побитните државни институции.

„Правиме од тоа ние некој фетиш. Тоа треба да стане еден тековен политички договор којшто трае за сите важни работи во земјава. На владата и собранието се зајакнува позицијата со таков договор.“
За да се даде било каков предлог, неопходно е јавноста да биде запознаена. Одлуката да биде објаснета на јавноста и да се оцени колку таа е прифатлива за македонската јавност


Претседателот Ѓорге Иванов вчера оцени дека државниот врв има единствена стратегија во однос на решавањето на спорот за името.
Иако, дел од домашната стручна јавност препорачува Македонија да земе проактивна улога во преговорите и да предлага решенија што би и одговарале на земјава, претседателот Иванов вчера рече дека државата очекува да види кои пораки ќе и бидат упатени на средбата со Нимиц.

Професор Васил Тупурковски стои на ставот дека македонската страна треба да излезе со конкретен предлог за решение на спорот што ќе ги содржи македонските „црвени линии“. Постои опасност предлогот на Нимиц, вели Тупурковски, да биде финален и да не и одговара на земјава. Тоа би не ставило во многу тешка ситуација, вели тој. Од друга страна, со предлагањето решение може да изгубиме време и ќе се одложи датумот за преговори затоа што Нимиц и Грција ќе треба да го апсорбираат тој предлог, но сепак, тоа е подоброто решение, вели Тупурковски.

„За да се даде било каков предлог, неопходно е јавноста да биде запознаена. Одлуката да биде објаснета на јавноста и да се оцени колку таа е прифатлива за македонската јавност.“

Новата рунда преговори за името ќе се одржи во Њујорк меѓу 16 и 22 ноември.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG