Достапни линкови

logo-print

Самит на исламските земји во Истанбул


Во Истанубул се одржува самит на Организацијата на Исламската Конференција, во чиј фокус се економски прашања, трговската соработка и битката против сиромаштијата. Една од централните личности на самитот е иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат, кој разговараше со турските лидери за нуклеарната програма на Иран. Претседателот на Судан Омар Ал Башир, кој е обвинет за воени злосторства, го откажа учеството на самитот. Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи, кој денеска имаше повеќе билатерални средби, побара од муслиманските земји да му помогнат на авганистанскиот народ да живее во мир и просперитет.
XS
SM
MD
LG