Достапни линкови

Чувствувам песимизам во Македонија


Скопје
Скопје

Кевин Мекинтајер од „Ројтерс“ прв пат е во Македонија. Тој вели дека може да каже дека во Македонија има напредок од времето на социјализмот и дека македонските новинари се способни и квалификувани.

По речиси десет години поранешниот дописник на новинската агенција „Ројтерс“ Кевин Мекинтајер повторно се врати во регионот, овој пат во Скопје и Охрид. Вели дека ова е негова прва посета на земјава а претходно редовно патувал на релација Лондон - Белград.
Ова е моја прва посета на Македонија и многу работи овдека се слични со другите земји во регионот. Мислам дека тоа што го гледам е тоа што очекував дека ќе го видам. Секако можам да кажам дека има напредок од времето на социјализмот.


„Мојата последна посета во регионот беше во 2000 година. Бев и во Белград во 1999 година за време на бомбардирањата од НАТО. Претходно работите ги следев од дистанца.“

Мекинтајер ја посети земјава како предавач на семинар во организација на Високата школа за новинарство и Вестминстер институтот за демократија. Поранешниот шеф на дописништвото за источна европа сега работи како предавач во фондацијата Томсон Ројтерс

„Ова е моја прва посета на Македонија и многу работи овдека се слични со другите земји во регионот. Мислам дека тоа што го гледам е тоа што очекував дека ќе го видам. Секако можам да кажам дека има напредок од времето на социјализмот.“

Запрашан каков впечаток му оставиле македонските новинари по неколкудневна работа со нив Мекинтајер одговара

„Малку сум хендикепиран бидејки не го разбирам македонскиот јазик, но судејки по прашањата кои новинарите ги поставуваа за време на обуката мислам дека има голем професионализам. Новинарите се способни и квалификувани и можат да се споредат со нивните
Новинарите во Македонија се способни и квалификувани и можат да се споредат со нивните колеги од регионот и од Обединетото Кралство.
колеги од регионот и од Обединетото Кралство. Сепак се чини дека има проблеми во врска со сопственоста на медиумите. Се чини дека тие се во рацете на големите бизниси или на политички групи. Ова очигледно создава проблем за било кој новинар, но сепак овие проблеми не се уникатни само за оваа земја.“

Британецот вели дека не чувствува оптимизам во земјава:

„Босна очигледно е среќна што се одвои од Србија. Хрватите се видно среќни што добија своја земја со голема туристичка индустрија. Србите би рекол дека се многу несреќни. Но чувствувам и некаков песимизам овдека. Се прашувам дали за мала земја како оваа не беше предност што се одвои и стана самостојна. Ова е само мој субјективен впечаток. На крајот на краиштата немало друга опција бидејќи работите натаму тргнале. Сепак, не добив чувство на оптимизам кој се чувствува во другите земји кои се одвоија од официјален Белград.“
XS
SM
MD
LG