Достапни линкови

Нема вонредна состојба во Украина


Украинскиот претседател Виктор Јушченко изјави дека не верува оти треба да биде воведена вонредна состојба во земјата поради епидемијата на грип. Можноста од вонредна состојба ја навестија некои негови приврзаници, што би довело и до одлагање на претседателските избори, што се закажани за јануари. Јушченко се кандидира за втор мандат, но според најновите истражувања, јавното мислење не му е наклонето.
XS
SM
MD
LG