Достапни линкови

Свеченост по повод 20-годишнината од уривањето на берлинскиот ѕид


Поранешни и сегашни светски лидери денеска ќе присуствуваат на церемонија во чест на падот на берлинскиот ѕид. На настанот е предвидено присуство на десетици илјади посетители. На денешен ден пред 20 години беше урнат берлинскиот ѕид кој го делеше градот на источен и западен дел, по долги продемократски протести. Домаќин на настанот е германскиот канцелар Ангела Меркел, а најавено е присуството и на рускиот претседател Дмитриј Медведев, американскиот државен секретар Хилари Клинтон и францускиот претседател Никола Саркози.
XS
SM
MD
LG