Достапни линкови

Ерменска црква повторно отворена во Турција


Ерменска православна црква од 12 век, која се смета за прва православна црква изградена на тлото на Мала Азија, беше повторно отворена денеска во Турција, откако завршила реставрацијата. Отварањето на црквата доаѓа по еден месец откако Ерменија и Турција се согласија да воспостават дипломатски односи, јавува новинската агенција Анадолија. Поглаварот на црквата одржал специјална церемонија . Турските медиуми настанот го опишаа како симболично помирување и прославување на договорот потпишан меѓу двете земји на 10 октомври.

XS
SM
MD
LG