Достапни линкови

logo-print

Узбекистан го ослободи лидерот на опозицијата


Лидерот на опозицијата во Узбекистан кој беше во затвор, денеска е ненaдeјно ослободен. Сањар Умаров кој е претседател на узбекистанскотo движење „Сончева светлина“ беше осуден на 10 години затвор откако го осудија во 2006-та за криминални дејствија и економски криминал. Од семејството на Умаров за АФП соопштиле дека тој е слободен и се чуствува добро. Тие одбиле да коментираат што понатаму ќе се случи. Одлуката за ослободување доаѓа откако Брисел ги укина и последните санкции кон Узбекистан.

XS
SM
MD
LG