Достапни линкови

И генерал Кејси за зголемување на трупите во Авганистан


Американскиот генерал Џорџ Кејси, началник на Генералштабот на Армијата, изјавил денеска дека се потребни повеќе американски војници во Авганистан. Тој изјавил дека дополнителниот број на војници треба да го поттиснат успехот на Талибанците, додека сегашните војници работат на обука на авганистанските сили. Генерал Кејси меѓутоа не рекол колку војници се потребни. Генерал Стенли Меккристал кој е командант на американските и НАТО силите во Авганистан, побара 40 илјади војници.

XS
SM
MD
LG