Достапни линкови

Путин носталгичен по Источна Германија


Рускиот премиер Владимир Путин , кој за времето на комунизмот , бил испратен како агент на КГБ во Дрезден изјавил дека чувствува „носталгија“ за поранешна Источна Германија. Путин во интервју за НТВ изјавил дека има добри спомени од времето кога живеел таму. Периодот меѓу 1985 и 1990-та година тој го искористил за да научи германски, да прави екскурзии по планините и да се запознае со неговите колеги од Источна Германија. Путин сепак рекол дека добрите односи со сегашна обединета Германија се поважни од неговата носталгија.

XS
SM
MD
LG