Достапни линкови

Војводина гласаше за автономија


Српската покраина Војводина денеска го одобри планот со кој и се овозможува широка автономија. Таквата одлука наиде на критики од националистите, кои тврдат дека подоцна Војводина може да го следи Косово и да побара независност, јавува агенцијата АФП. Повеќе од две-третини од пратениците во Војводина, гласале за усвојување на планот за децентрализација со кој и се дава поголема автономија. Сега планот треба да биде усвоен од страна на српскиот парламент.

XS
SM
MD
LG