Достапни линкови

Сирија:Турција да ги подобри односите со Израел


Претседателот на Сирија, Башар ал Асад и порачал на Турција да ги подобри односите со Израел, ако сака повторно да ја преземе посредничката улога меѓу Дамаск и Тел Авив. Односите меѓу Турција и Израел се влошија во јануари годинава, откако Анкара го критикуваше израелското вмешување во Појасот Газа. Турција до минатата година имаше посредничка мисија меѓу Сирија и Израел. Но, директните преговори со посредство на Анкара беа прекинати по нарушувањето на односите меѓу Турција и Израел.


XS
SM
MD
LG