Достапни линкови

Јапонците бараат да се затвори воената база Футема


Повеќе од 20 илјади жители од јапонскиот град Гинован излегле на улицa да протестирааt со барање, Вашингтон веднаш да ја затвори американската база Футема и да си одат од градот. Градоначалникот изјавил дека граѓаните се тие кои треба да одлучат за иднината на американскиот воен објект, а не Пентагон. Во 2006 година, Токио и Вашингтон се согласија, во рамките на проектот за реорганизирање на американското воено присуство во Јапонија, во иднина да ја префрлат воената база Футема од Гинован на друго место, но процесот се одвива бавно. Новата јапонска влада сака тој процес да се забрза , но Вашингтон негативно одговори на предлогот на Токио.

XS
SM
MD
LG