Достапни линкови

Голдстон разочаран од реакацијата на САД за извештјаот за Газа


Шефот на истрагата на ОН за воените злосторства во Газа, Роберт Голдстон, изјавил дека е разочаран од реакцијата на Соединетите држави за неговиот извештај. Тој во извештајот го обвини Израел за воени злосторства во Газa, бидејќи во конфликтот меѓу Палестина и Израел беа убиени 1.387 палестинци и 13 израелци. Според извештајот сега треба да се испита дали Изреал и палестинските милитанти од Хамас направиле воени злосторства, а ако е така, виновниците треба да се изведат судот во Хаг. Соединетите држави сметаат дека извештајот е пристрасен и насочен против Израел

XS
SM
MD
LG