Достапни линкови

Исчезнатите американски војници не се кај Талибанците


Талибанците во Авганистан негираа денеска дека тие ги имаат телата на двајцата американски војници, кои исчезнаа во средата во северозападниот дел на Авганистан. Во потрагата на војниците учестуваа заедничките авганистански и НАТО сили, а при воздушните напади, загинаа 8 авганистански војници . Портпаролот на Талибанците, Забулах Мујахид, за Ројтерс изјавил дека кај нив не се телата на војниците за кои се претпоставува дека се удавиле во Бадгис. Авганистанската влада во јули склучи договор со Талибанците за прекин на огнот во Бадгис.
XS
SM
MD
LG