Достапни линкови

logo-print

САД го испитуваат расположението кон муслиманите


Американскиот секретар за внатрешна безбедност, Џенет Наполитано изјавила денеска дека американските власти работат за да спречат можен бран на анти-муслиманските расположение по масакрот во Форт Худ во Тексас. Во нападот во воената база во четвртокот, мајорот Нидал Малик Хасан кој е муслиман уби 13 луѓе, а рани 29. Затоа секаде низ Соединетите држави се работи со групи на луѓе за да се испита нивното расположение кон муслиманите, изјавила Наполитано која е во посета на Обединетите Арапски Емирати. Таму имала средби со претставници на безбедносните сили и со со жени студенти во Абу Даби.

XS
SM
MD
LG