Достапни линкови

Во Туркменистан ослободен активист за човекови права


Властите во Туркменистан го ослободиле активистот за човекови права Андреј Закота, но побарале од него да ја напушти земјата. Тоа го потврдија и од организацијата Хјуман рајтс воч . Закота беше осуден на 5 години затвор за напад, потоа казната беше преименувана во парична, а сега е ослободен. Директорот на Хјуман рајс воч за Европа и за Централна Азија, Холи Картнер, изјавила дека обвиненијата против Закота се лажни и дека тој никогаш не требало да биде во затвор. Закота има двојно туркменистанско и руско државјанство и е принуден да ја напушти земјата и да се откаже од сопственоста на својот стан.

XS
SM
MD
LG