Достапни линкови

Балканот ќе добива руски гас,преку друг гасовод


Шефот на молдавската националната компанија за гас , Александар Гушев, изјавил дека иако испоракта на руски гас за балканските земји е прекината поради експлозијата на едниот гасовод, Балканот ќе добива гас преку друг гасовод. Тој изјавил дека Комисијата за итни случаи
jа истражува причината за несреќата , и додал дека можеби застарената опрема е една од причините. Гасоводот треба да биде поправен за неколку дена. Во јужниот дел на Молдавија утрово имало експлозија на еден од трите гасоводи, преку кој се транспортира руски гас за Балканските земји.

XS
SM
MD
LG