Достапни линкови

Американските пратеници изгласале здравствени реформи


Американските пратеници гласале за поддршка на законот за здравствена заштита и ги подржале реформите предложени од претседателот Барак Обама. Законот кој претставува најголема здравствена реформа во изминатите 40 години, беше донесен доцна синоќа со само 5 гласови разлика. Додека пратениците од Демократската партија на Обама гласале ЗА, пратениците од Републиканската партија биле против. Законот сега треба да биде разгледан од Сенатот пред да биде потпишан од Обама, за да може да стапи на сила. Со законот се намалува високата цена на здравствената заштита и здравственото осигурување се става на располагање на 36 милиони американци кои досега немале здравствена заштита.
XS
SM
MD
LG