Достапни линкови

Брод изграден од остатоците од Кулите близначки


Американската морнарица доби нов брод изграден од челикот од остатоците на Кулите близначки кои беа урнати за време на терористичкиот напад на 11 септември , 2001-та година. Повеќе од 7,5 тони челик беа стопени за да се направи бродот вреден една милијарда долари. Бродот свечено беше пуштен во употреба во саботата да плови по реката Хадсон во Њујорк. На церемонијата на пуштање на бродот присуствуваше и американскиот државен секретар Хилари Клинтон
XS
SM
MD
LG