Достапни линкови

logo-print

НАТО под истрага за смртта на војниците во Авганистан


Американските и авганистанските власти, испитуваат дали НАТО силите се одговорни за смртта на неколку авганистански војници и полицајци, кои учествуваа во потрагата на двајца исчезнати американски војници на западот на Авганистан. Тамошните власти соопштија дека осум припадници на безбедносните сили биле убиени за време на воздушниот напад на НАТО силите во петокот. А седумнаесет авганистански војници, петмина американски и еден авганистански преведувач, биле ранети.Официјални лица изјавија дека авганистанските и американските власти истражуваат дали војниците загинале поради погрешно насочен воздушен напад.
XS
SM
MD
LG