Достапни линкови

Турција нема да го апси суданскиот претседател


Турските официјални лица соопштиле дека нема да преземат никакви активности за апсење на суданскиот претседател Омар Хасан ал-Башир, кој ќе присуствува на состанок на Организацијата на Исламската конференција во Истанбул. Против Башир има меѓународна потерница за воени злосторства, извршени во суданскиот регион Дарфур. Од Турција како земја членка на НАТО било побарано да ја преиспита одлуката Башир да присуствува на конференцијата. Но самитот е во организација на Исламската конференција, а не на владата на Турција. На самитот се очекува да се разговара за економските прашања и за мерките кои треба да ги преземат 57-те земји членки во борбата против сиромаштијата
XS
SM
MD
LG