Достапни линкови

Перес:Абас да не се повлекува од власт


Израелскиот претседател Шимон Перес го повика палестинскиот лидер Махмуд Абас да се откаже од неговата одлука да се повлече, барајќи од него да остане на власт за да може да го продолжи мировниот процес со Израелците. Перес ја изрази својата желба на комеморацијата за одбележувањето на 14 годишнината од атентатот на поранешниот премиер Јицак Рабин. Говорејќи пред насобраните луѓе, Перес потсетил, дека заедно со Раин и со Абас го потпишаа мировниот договор во Осло во 1993-та, според кој Палестина постигна автономија. Абас минатиот четврток најави дека нема да се кандидира за уште еден мандат како претседател на Палестина.
XS
SM
MD
LG