Достапни линкови

Иран ослободи уапсени на протестите на опозицијата


Иранските официјални лица соопштиле денеска дека ослободиле тројца приведени за време на одржувањето на протестите во центарот на Техeран во средата. Двајца од ослободените биле државјани на Германија а третиот бил од Канада. Во меѓувреме новинската агенција ИРНА соопшти дека иранските власти го ослободиле и новинарот на агенцијата АФП кој исто така беше уапсен за време на протестите. Полицијата претходно соопшти дека уапсила 109 луѓе за време на протестите на опозицијата кои протестираа за спорниот реизбор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Протестите на опозицијата се совпадна со одблежувањето на 30 годишнината од преземањето на американската амбасада во Техеран од страна на исламски студенти.
XS
SM
MD
LG