Достапни линкови

Јапонија повика Мјанмар да ја ослободи Сан Суи Чи


Јапонија денеска го повика Мјанмар, да ја ослободи опозиционионата лидерка, Аунг Сан Суи Чу, пред изборите кои треба да се одржат следната година. Јапонија ветила дека ќе го помага Мјанмар, ако земјата покаже напредок на демократијата. Коментарите доаѓаат на неколку дена откако американска делегација го посети Мјанмар, како дел од новата политика на администрацијата на Обама. Јапонија побарала од лидерот на Мјанмар, Теин Сеин, да овозможи сите заинтересирани да можат да учестуваат на изборите во 2010-та. Јапонија претходно се дистанцираше од политиката на западните сили, кои воведоа санкции против Мјанмар, но и од политиката на Кина , која ја помага земјата.
XS
SM
MD
LG