Достапни линкови

logo-print

Во Украина 135 луѓе починале од грип


Во Украина досега од епидемија на грип починале 135 луѓе, соопштиле од тамошното министерство за здравство. Украина од Европа доби медицинска помош за да се справи со грипот . Официјалните лица велат дека повеќе од 870 илјади луѓе се заразени од свински грип и од инфекции на респираторните патишта. Откако почна епидемијата на грипот при крајот на октомври, повеќе од 40 илјади луѓе биле хоспитализирани. Од луѓето кои починале 14 имале свински грип.

XS
SM
MD
LG