Достапни линкови

Медведев:Можни нови санкции кон Иран


Рускиот претседател Дмитри Медведев изјавил дека не се исклучува можноста од нови санкции против Иран, ако нема напредок во разговорите за нуклеарната програма на Техеран. Во интервју за германскиот неделник „Спигел“, Медведев изјавил дека ако иранското раководство заземе неконструктивна позиција тогаш се е можно. Тој ја потврдил решеноста на Русија да помогне во збогатувањето на ураниум за потребите на Техеран во согласност со предложениот договор на ОН, за да се стави крај на кризата.

XS
SM
MD
LG