Достапни линкови

109 уапсени за време на протестите во Техеран


Шефот на полицијата во Техеран, генерал Азизалах Рајабзадех, денеска изјавил дека полицијата уапсила 109 луѓе за време на протестите на опозицијата во средата, за време на одбележувањето на 30 годишнината од преземањето на американската амбасада во Техеран. Шефот на полицијата изјавил дека 47 од уапсените биле пуштени со кауција, додека останатите се задржани во затвор. Полицијата во средата со солзавец ги растера подржувачите на опозицијата кои протестираа. Опозицијатта почнувајќи од јуни повремено протестира против реизборот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, на изборите за кои опозицијата тврди дека биле нерегуларни.
XS
SM
MD
LG