Достапни линкови

logo-print

Средби на Вељановски со Конгресмени и преставник на Стејт Департментот


Делегацијата од Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Трајко Вељаноски, за време на неколкудневниот престој во Вашингтон остварени средби со раководството на НДИ, со неколку членови на Конгресот на САД, со претставник на Стејт Департментот задолжен за европски прашања, како и со претставници на македонската дијаспора. Претседателот на Националниот Демократски Институт Крис Хершоу изрази задоволство од парламентарниот развој во Македонија, а конгресмените Бил Паскрел и Кристофер Смит беа запознати со последните случувања во Македонија. Македонската делегација се сретна и со, главниот заменик помошник на Секретарот на Бирото за европски и евро-азиски прашања на Стејт Департментот Ненси Мек Елдонеј, која искажа признание за македонската стратегиска определба за евро-атланското интегрирање.
XS
SM
MD
LG