Достапни линкови

Истрагата за инцидентот во Форт Худ продолжува


Американските власти ги истражуваат причините поради кои воениот психијатар стрелаше во базата Форт Худ во државата Тексас при што загинаа најмалку 13, а беа ранети над 30 лица.
Осомничениот напаѓач, е мајор Нидал Малик Хасан, 39 - годишен Муслиман роден во Соединетите Држави како син на палестински имигранти. Тој е и натаму во несвесна, но стабилна состојба откако беше застрелан четири пати од страна на полициски службеник. Армијата сооопшти дека Хасан, кој со години ги советуваше повредените војници по борбите во Ирак и во Авганистан, требаше да биде распореден во Авганистан да им помогне на војниците кои се соочуваат со стресни ситуации во борбите. Претседателот Барак Обама предупреди да не се извлекуваат погрешни заклучоци за нападот пред да бидат познати сите факти.
XS
SM
MD
LG