Достапни линкови

Новиот грип се шири во Македонија


Нема потреба од паника, битно е граѓаните да се придржуваат на препораките за заштита и да се јават кај матичен лекар во случај на симптоми на грип, изјави денеска министерот за здравство Бујар Османи, по состанокот на националниот комитет за пандемски грип. Тој информира дека се регистрирани нови 6 случаи на заболени од новиот грип и оти досега се хоспитализирани 158 пациенти, од кои, кај 51 е утврдено присуството на вирусот Х1Н1. Османи потврди и дека вирусот е генериран и се шири во Македонија, но оти засега нема тешко болни.
XS
SM
MD
LG