Достапни линкови

Над 40 лидери ќе учествуваат на состанокот во Копенхаген во декември


Шефот за климатски промени на Обединетите Нации Иво Де Бур денеска изјави дека околу 40 шефови на држави ќе присуствуваат на состанокот во Копенхаген за глобалното затоплување, закажан за декември. Де Бур во Барцелона истакна дека е најавено учеството на највисоки претставници на земји од развиениот, но и од земјите во развој. На состанокот во Копенхаген би требало да биде постигнат нов договор за мерки против климатските промени, кој ќе биде замена на досегашниот Протокол од Кјото.
XS
SM
MD
LG