Достапни линкови

Украина и ја плати сметката за гас на Русија


Украинскиот премиер Јулија Тимошенко изјави дека Украина на Русија и ја платила сметаката за гас за минатиот месец. Тоа, според неа, се случило неколку денови пред крајниот рок, односно идниот понеделник до кога Украина требаше на Русија да и исплати 500 милиони долари. Претставник на Гаспром одби да каже дали долгот бил исплатен. Во минатата недела рускиот премиер Владимир Путин изрази сомневање дека Украина ќе биде во можност да го исплати долгот што го покрена стравувањето од нова криза со испораката на руски гас за Европа.
XS
SM
MD
LG