Достапни линкови

Шефот на косовската дипломатија во Македонија


Министрите за надворешни работи на Македонија и Косово, Милошоски и Хисени

Министрите за надворешни работи на Македонија и Косово, Милошоски и Хисени

Косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени и неговиот македонски колега Антонио Милошоски, денешната средба ја оценија како нова страница во билатералните односи. Тие најавија скоро отварање на Амбасади во Скопје и Приштина.

Двајцата министри денешната средба ја оценија како нова страница во билатералните односи којашто ќе ги отвори вратите за многу нови среби коишто како што рекоа ќе следат и коишто треба да влијаат и да бидат пример за регионалната соработка. Тоа ќе резултира со размена на амбасадори во наредните неколку месеци што како што нагласи македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски не е прашање на политичка волја туку само на процедура.
Претпоставувам дека следниов период пред нас, очекувам дека во скоро време Владата на РМ ќе може прво да донесе одлука за подигање на нивото на Канцеларијата за врски во Амбасада


,,Претпоставувам дека следниов период пред нас, од месец, два или три, кај можеби има малку поедноставна процедура, во Косово има малку подруга, очекувам дека во скоро време Владата на РМ ќе може прво да донесе одлука за подигање на нивото на Канцеларијата за врски во Амбасада и после тоа да следуваат консултациите со сите релевантни, вклучувајќи го и претседателот на државата, за да можеме да одиме со номинација на првиот македонски амбасадор во Приштина."

Косовскиот министер за надворешни работи истакна дека различноста на процедурите ја одложува целата постапка која потврди дека наскоро ќе биде завршена со отворање амбасади во Скопје и во Приштина. Министрите денеска ги детектирале областите во кои може во иднина да се соработува.

„Трговијата и индустријата, енергетиката, полицијата, одбраната и многу други области имаат многу светла иднина.“

Изјави Хисени. Енергетиката, трговијата и полицијата. Многу наши миниситри покажаа интерес за склучување договори за меѓусебна
Трговијата и индустријата, енергетиката, полицијата, одбраната и многу други области имаат многу светла иднина
соработка со косовските, изјави министерот Милошоски. Оценувајќи ја македонско-косовската соработка како одлична и никако поинаку сфатена освен како заеднички стремеж кон евроатлантското интегрирање на двете земји, Хисени додаде и дека изграденото партнерство меѓу Македонија и Косово треба да послужи како модел за соработка меѓу земјите од Западен Балкан. Во овој контекст тој нагласи дека Косово е заинтересирано за соработка со сите земји од соседдството вклучувајќи ја и Србија, којашто како што изрази надеж наскоро ќе ја сфати неопходноста од прифаќање на новата реалност. Ова е прва ваква македонско-косовска средба откако двете земји воспоставија дипломатски односи на 17 октомври. Во рамките на денешната посета косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени се сретна и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG