Достапни линкови

Двајца малолетници раниле две момчиња во Гостивар


Две момчиња биле ранети со нож во тепачка со двајца браќа од гостиварското село Форино, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, прецизирајќи дека тепачката се случила вчера во дворот на училиштето Исман Ќемали. Едно од повредените момчиња, поради сериозноста на повредите е пренесено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а другото е пуштено на домашно лекување. Гостиварската полиција е во потрага по малолетните браќа, кои биле во бегство.
XS
SM
MD
LG