Достапни линкови

logo-print

Јакнење на соработката на Австрија со Македонија, Србија и Црна Гора


Министерот за внатрешни работи на Австрија Марија Фектер потпиша денеска во Виена билатерални меморандуми за разбирање и за јакнење на соработата во областа на безбедноста со македонскиот заменик министер за внатрешни работи Џеват Бучи и со министрите за внатрешни работи на Србија и на Црна Гора Ивица Дачиќ и Иван Брајовиќ. Пред потпишувањето Фектер изјави дека министрите за внатрешни работи и правда на Европската унија ќе имаат состанок на 30 ноември и на 1 декември, на кој треба да биде донесена одлука за укинување на визите.
XS
SM
MD
LG