Достапни линкови

На самит во Истанбул и лидерите на Судан и Иран


Во текот на престојниот викенд во Истанбул ќе се одржи самит на Организацијата на исламската конференција, посветен на надминувањето на економските тешкоти на земјите членки на Организацијата. Сепак, она што го привлекува вниманието на јавноста е учеството на суданскиот претседател Омар ал Башир, по кого Обединетите нации имаат распишано потерница за воени злосторства во Дарфур. Турското министерство за надворешни работи, како што се дознава, немало намера да го уапси. Турција го нема ратификувано договорот за воспоставувањето на Меѓународниот кривичен суд. На самитот се очекува учеството и на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG