Достапни линкови

Законот за градба - ригорозен?


Недоизградена зграда

Недоизградена зграда

Иако власта уверува во спротивното, граѓаните и опозицијата реагираат дека новиот закон за градба е премногу ригорозен, бидејќи предвидува високи казни за непоставување фасади на објектите, или одземање на целиот имот доколку дел од објектот е нелегален.

Од 100 до 3000 илјaди евра ќе треба да плати секој човек што нема да стави фасада на својот дом. Според новиот закон , за доградба што ја нема во дозволата за градба граѓаните ќе треба да плаќаат казна три проценти од вредноста на целата куќа и должни се за три години сами да го срушат. Ако за три години не ја платат казна и не го решат проблемот, државата може да им го земе целиот имот со се законската градба и незаконската доградба. Граѓаните се жалат дека казните се многу високи.
Скопјанецот Никола Цветковски според законот има рок од две години да стави фасада на својот дом или ќе треба да плати казна. Го изградил својот дом во 90-тите, останал без работа и никогаш не го довршил.
Самото донесување на законот е еден вид застрашување на населението, рекетирање


,,Ама тогаш сите работевме, имаше плати, имаше кредити, имаше се. Ќе се задолжиш во банка, ќе земеш кредити, сите работеа, и ќе си направиш се што ти треба. Сега што ќе реализираш, сега една соба неможеш да направиш, а не фасада. Како сме вселени во 1992 година, така е останато. Ниту една шајка немам ставено 18 години."

Поранешниот градоначалник на општина Центар и професор по архитектура Мирослав Грчев вели дека новиот закон е штетен за граѓаните затоа што голем дел од нив ги прави прекршители на закон со самото донесувње.

,,Самото донесување на законот е еден вид застрашување на населението, рекетирање. Целата оваа ,,ујдурма" се изведува врз основа на
Оној кој што едвај изградил и направил една ,,педа" плус од она што е одобрение, ќе му биде одеземена куќата
еден заклучок на инспектор, што е исто така против уставно."

Пратеникот Томе Чинговски од опозициската СДСМ вели дека овој закон е само вовед во нова национализација со која ќе им се одземаат имотите на граѓаните .

,,Оној кој што едвај изградил и направил една ,,педа" плус од она што е одобрение, ќе му биде одеземена куќата. Не му се одзема, само диво изградениот дел, му се одзема целиот објект кој што тој со потполна документација го изградил. Згора на сето тоа, она што ние го нарекуваме потполна национализација му се одзема и земјиштето на кое што тој објект е изграден. Значи тоа е еден вид легален рекет кој што го воведува државата кон граѓаните."

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, на ваквите обвинувања одговори дека се шпекулација и вели дека на овој закон не
Се работи само за оние објекти кои што се наоѓаат во ДУП, значи во централните јадра на градовите, односно не се работи за куќи кои што се надвор од ДУП
подлежат сите граѓани.

,,Се работи само за оние објекти кои што се наоѓаат во ДУП, значи во централните јадра на градовите, односно не се работи за куќи кои што се надвор од ДУП, законот не важи за нив. Се работи за објекти кои што веќе имаат одобрение за градење и градителите спротивно на одобрението за градење. Во најчест случај тоа се деловни објекти, згради, каде што се работи за профит."

Според експертите со законот треба да се решаваат проблемите во зачетоците. Многу полесно ќе биде ако инспекторите се на терен и ги следат градбите до каде се со спроведување на прописите, велат експертите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG