Достапни линкови

Авганистанската влада е корумпирана, изјави Гордон Браун


Британскиот премиер Гордон Браун денеска изјави дека авганистанската влада е корумпирана и додека не биде реформирана, тој веќе нема да ризикува британски животи. Браун додаде дека авганистанскиот претседател Хамид Карзаи му ветил решителна битка против корупцијата. Велика Британија најави дополнителни 500 војници во Авганистан, но Браун тоа го услови со напредок во начинот на владеење во таа земја. Во говорот, британскиот премиер сепак нагласи дека безбедноста на Велика Британија е тесно поврзана со ситуацијата во Авганистан и во Пакистан.
XS
SM
MD
LG