Достапни линкови

Масакр во воената база Форт Худ во Тексас


мајор Малик Надал Хасан

мајор Малик Надал Хасан

Во американската воена Форт Худ во Тексас вооружен напаѓач убил 12 и ранил 31 лице. Напаѓачот, кој според последните информации, бил воен психолог во базата, бил ранет, но е стабилна состојба и се наоѓал во болница. Ова е најтежок напад што се случил во една воена база во Соединетите држави.

Напаѓачот бил застрелан од полицијата која го уапсила со уште двајца осомничени, но осомничените веднаш биле пуштени. Американскиот претседател Барак Обама трагедијата ја оцени за, како што рече, ужасен излив на насилство.

,,Имаше трагично пукање во воената база Форт Худ во Тексас. Ние се уште не ги знаеме сите детали за настанот. Она што го знаеме е дека извесен број американски војници се убиени и оти многу повеќе се повредени, во еден ужасен излив на насилство.,,
Доволно е тешко кога губиме храбри американци во борбите во странство, но застрашувачки е тие да бидат застрелани кога врз нив се пука во една воена база на американско тло.

Обама изјави дека Белата куќа работи со Пентагон, со Федералното истражно биро и со Одделот за домашна безбедност за да ја осигура безбедноста во Форт Худ.

,,Доволно е тешко кога губиме храбри американци во борбите во странство, но застрашувачки е тие да бидат застрелани кога врз нив се пука во една воена база на американско тло.,,

Изјави претседателот Барак Обама. Претходно на прес конференцијата во базата, генерал полковник Боб Коун прецизира дека пукањето почнало околу 13 часот и 30 минути по локално време. Тој додаде дека сите жртви биле во објектот каде што се вршело медицинска контрола на војниците кои се испраќаат во мисиите во светот. Напаѓачот притоа користел два пиштола. Од органите за спроведување на законот, агенциите јавуваат дека напаѓачот бил идентификуван како мајор Малик Надал Хасан кој работел како воен психолог во базата. Сенаторот од Тексас Kеј Бејли Хачисон, изјави дека напаѓачот требало да биде распореден во Ирак и оти затоа бил вознемирен. 39 годишниот Хасан бил роден во Вашингтон, не бил женет, а медицина завршил на факултетот Бетесди во Мериленд. Гувернерот на Тексас Рик Пери нареди, во спомен на жртвите, знамињата во државата да бидат спуштени на половина копје. Форт Худ е најголемата активна воена база во Соединетите држави. Опфаќа 878 квадратни километри и во неа се сместени повеќе од 50.000 војници.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG