Достапни линкови

Бугарија ја поддржува Црна Гора за членство во ЕУ и НАТО


Бугарскиот претседател Георги Прванов изјави дека Бугарија ја поддржува Црна Гора во нејзините напори за членство во Европската Унија и во НАТО. По средбата со својот црногорски колега Филип Вујановиќ во Софија, Прванов истакна дека Црна Гора во декември ќе го добие акциониот план за членство во Северноатлантската алијанса. Вујановиќ нагласи дека Владата во Подгорица планира изградба на нови хидроцентрали и термоцентрали и оти очекува бугарски инвеститори да се вклучат во проектите.
XS
SM
MD
LG