Достапни линкови

Прогноза за времето денеска- променливо со дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец. Во претпладневните часови ќе има слаба магла по котлините и речните долини особено во западните делови. Утринската температура се движи од два до девет, а дневната ќе биде од осум до 16 степени. Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Претпладнето ќе има појава на слаба магла. Утринската температура се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 10 степени.
XS
SM
MD
LG