Достапни линкови

Србија ќе аплицира за членство во ЕУ до декември


Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјавил дека земјата ќе аплицира за членство во Европската унија до декември 2009 година. Јеремиќ изјавил дека земјите-членки кои се противат на влезот треба да дозволат Србија да започне со разговорите за членство. Кандидатурата на Србија е блокирана од страна на Холандија, која инсистира на тоа дека апсењето на босанскиот Србин осомничен за воени злосторства Ратко Младиќ, кој беше обвинет во 1995 година од страна на Обединетите нации, е предуслов за членство. Јеремиќ, изјавил дека српските власти ќе го приведат Младиќ, но незнаат каде е.



XS
SM
MD
LG