Достапни линкови

Споменик на Александар Македонски - да или не?


Плоштад во Скопје

Плоштад во Скопје

Според сручната јавност евентуалното поставување на споменик на Александар Македонски во центарот на Скопје, негативно ќе се одрази врз односите со Грција и на нашите евроинтеграции. На граѓаните пак генерално не им пречи таквата идеа.

Дел од домашните аналитичари велат дека евентуалната изградба на споменикот на Александар Македонски на скопскиот плоштад негативно ќе се одрази на односите со Грција, но и на евроинтеграциите на Македонија. Политикологот Владимир Божиновски вели дека Грција бара секаков повод да и покаже на Европа дека тие се во право во спорот за името, па во тој контекст сигурно би го искористила и евентуалното поставување на споменикот.
Така што од политички аспект би било лошо за Македонија, сега после позитивното мислење на Европската Комисија, би било многу лошо да се размислува да се направи нешто слично


,,Не очекувам во скоро време, односно барем до крајот на годинава, дека би се поставил таков споменик на плоштадот. Откако ќе се реши проблемот кој што ни беше наметнат од Грција, пред 18 години, значи проблемот со името тогаш веќе може да говориме во еден друг контекст."

Георгиос Пападакис, поранешен Грчки новинар
Георгиос Пападакис е поранешен грчки новинар кој работи во Македонија како директор на Балканската фондација за деца и млади. Тој вели дека ако се изгради споменикот, Грција веројатно ќе побара од Брисел да ја замрзне процедурата за преговори за полноправно членство на Македонија во Европската Унија. Изградбата на споменикот воопшто не е паметна идеја и во пресрет на новата рунда разговори на претставниците на Македонија и на Грција, со посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц, вели тој.

,,Василакис ако се случи нешто со споменикот може лесно да каже дека, еве ние сме секогаш тука, ние сме конструктивни, а тие се неконструктивни, видете што направија. Така што од политички аспект би било лошо за Македонија, сега после позитивното мислење на Европската Комисија, би било многу лошо да се размислува да се направи нешто слично."

Пападакис вели дека евентуалното поставување на споменикот, во Грција сигурно ќе се доживее како голема провокација.
Да, би требало, подобро Александар Македонски отколку црква да се стави тука


,,Логично ако гледаме, нема смисла, не е провокација, ама за жал, сега сме во сфера на нелогични одлуки, нелогични зборови, и од едната и од другата страна."

На граѓаните што ги анкетиравме на плоштадот, пак генерално, не им пречи поставувањето на споменикот.

,,Па веќе кога почнаа со оваа антиквизација би требало да стават."

,,Да, би требало, подобро Александар Македонски отколку црква да се стави тука."
Јас мислам дека треба да има споменик

,,Нека има сеедно е."

,,Не е погодно време да го стават сега споменикот на Александар, на Тоше треба да има."

,,Јас мислам дека треба да има споменик."

Откако Уставниот суд, вчера ја отфрли иницијативата против одлуките за подигање на 19 споменици во општина Центар, меѓу кои и тој на Александар Македонски, во општината велат дека не се откажуваат од поставувањето на спомениците. „Сите споменици ќе бидат поставени, но е е утврден датум кога ќе се случи тоа“, велат во општина Центар.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG