Достапни линкови

Крушево без вода


Луѓе полнат вода од цистерна

Луѓе полнат вода од цистерна

Крушево е без вода повеќе од две недели. Граѓаните стравуваат од болести и ширење на зарази, а угостителите велат дека туризмот во градот ќе замре доколку не се најде решение за проблемот.

Крушевчанката Олга Андреска маки мачи да ја одржи хигиената во домот, зашто во градот нема доволно вода за пиење повеќе од 2 недели. Преку денот нема капка вода, иако таа живее во центарот на Крушево, па принудена е сите домаќински обврски да ги завршува ноќе. Тогаш пери, мие, а вели нема доволно притисок речиси никогаш да се вклучи болјерот.

,,Од кај 5 сабајле некогаш иди, до кај 8 часот- 8,30 нема. Потоа вечер кај 5 часот ја пуштаат до кај 9 и толку."
Тураме со ѓумчиња со тенџерчиња, си збираме во шишиња. Мора на брзина да се бањаме, болести има разни


Со истите проблеми се соочува и нејзината сосетка Елена Папалазова.

,,Тураме со ѓумчиња со тенџерчиња, си збираме во шишиња. Мора на брзина да се бањаме, болести има разни."

Крушевчани стравуваат од појава на болести и епидемии, особено како што велат сега кога се заканува опасноста од појава на грип. Од друга страна туристичките работници се загрижени за својата егзистенција, велат ќе трпат големи штети, зашто се сомневаат дека доколку проблемот не се реши скоро, ќе пропадне зимската туристичка сезона која што е на прагот.

,,Многу е лошо, затоа што чим нема вода, нема ни туризам да има, не може да има. Како прво нема вода за во вецето. Собираме во канти како во 1903."
Многу е лошо, затоа што чим нема вода, нема ни туризам да има, не може да има. Како прво нема вода за во вецето. Собираме во канти како во 1903


,,Наместо 3- дена, четири ако седат, ќе седат два дена. Нормално е.дека ќе губиш. Треба да им понудиш нешто, што е со канчиња."

велат Раде Лега и Крсто Здравески-Шапе, двајцата сопственици на соби кои ги издаваат секоја година под наем.Угостителите пак стравуваат дека без вода локалите ќе ги затвори санитарната инспекција, иако тоа не е нивна вина, иако редовно ги плаќаат сметките за вода. Тие бараат, локалната самоуправа и јавното претпријатие да преземат итни мерки да се реши проблемот, или во најмала рака да се темпира времето, па преку денот вода да имаат овие објекти. Од „Комуна„ пак велат дека немаат финансиска кондиција да го решат проблемот, но посочуваат на две солуции. Едната е со зголемување на сегашната социјална цена на водата, а другата со претворање на долгот во траен влог на државата, а преземени биле и активности за барање дополнителни извори на вода.

,,Како комунално претпријатие направивме елаборати за тоа снимање, направивме проектни решенија, дадени се по одредени институции: Фондот за води, Министерството за транспорт и врски. Мислам дека ако не целосно, делумно Владата би реагирала."

вели Јуца Ташули, директор на крушевското јавно претпријатие. И општинскиот Совет на својата последна седница ги разгледуваше сите опции за наоѓање идеално решение за проблемот кој што се повторува со години.

,,Се слушаат некакви верзии околу преземање на тие стари долгови од комуналните претпријатија од страна на Владата. Ако таа се случи, макар што официјално ништо немаме добиено, ова е на ниво на шпекулации, тогаш проблемот во моментов, би бил целосно решен."

Вели Никола Јованоски, претседател на Советот. Советниците сепак чекаат да се врати од службен пат, градоначалникот Васко Дамчески, со надеж дека и тој ќе понуди свој став и заложба за проблемот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG